2012-07-12
Проект со Француска Амбасада за обука на инструктори по ПП од Ромската популација
Црвен крст на град Скопје во соработка со Француска Амбасада реализира проект преку кој се испечати прирачник по ПП за возачи на ромски јазик.
Во рамките на истиот проект две лица, инструктори по ПП од Франција ќе обучуваат 10 лица од кои 8 од Ромската популација и двајца членови на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје.
Лицата ќе се здобијат со дипломи за инструктори по Прва помош. Претставниците од Ромската популација понатаму ќе се ангажираат за обука по ПП на различни целни групи од ромска националност.
Обуката започна на 05.07.2012 и ќе трае до 13.07.2012 год. кога и ќе се доделат дипломите од страна на Амбасадорот на Франција во Р. Македонија.