Продолжена соработка со општина Центар во домен на социјалните услуги посебен превоз и Итно копче
Црвениот крст на град Скопје и Општина Центар ја продолжуваат успешната соработка за обезбедување бесплатен транспорт до здравствени установи за лица со попреченост.
Целта на оваа услуга е да се овозможи полесен, побезбеден и достоинствен пристап до здравствена заштита за оние на кои им е најпотребно.
Услугата е наменета за лица над 18 години кои користат ортопедско помагало или поради болест се во неподвижна состојба и живеат на територија на Општина Центар.
Воедно, продолжува и спроведувањето на услугата „Итно копче“, наменета за лица кои имаат потреба од 24-часовна поддршка и чувство на сигурност во домашни услови.
По тој повод, се објавува јавен повик за аплицирање за користење на услугите.
Црвениот крст на град Скопје останува посветен на поддршка на најранливите категории граѓани и унапредување на социјалната заштита во заедницата.
