Пребарувај по датум:
2019-12-04

Признанија за истакнати волонтери

Во пресрет на 5 декември -Светски ден на волонтерите, а како дел од свечениот настан по повод отворање на Дневниот центар „Пролет“, им беа доделени благодарници на волонтери на територија на град Скопје,  за нивниот посветениот волонтерскиот ангажман и придонес во остварување на мисијата, програмските и проектни активности на Црвен крст на град Скопје за 2019 година. Волонтерите кои добија признание се позитивен пример во нашата заедница, посветени кон помош и поддршка во заедницата во која дејствуваат како и инспирација за плејадата волонтери во Црвен крст.

Наградени беа:

  • Дабески Марко  од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Карпош
  • Наумовска Маја од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Кисела Вода
  • Филип Ивковски од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Гази Баба
  • Исра Зенделовска од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Чаир
  • Драган Тануровски од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Центар
  • Синиша Зукиќ од Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје
  • Александар Бојковски од Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.