Признание за млад крводарител
Младиот крводарител Ардит Ќаили присуствуваше на традиционалниот прием кај градоначалничката на Град Скопје и добие признание. Тој е докажан млад волонтер, мотиватор и член на Клуб 25 – клуб на млади крводарители и мотиватори. Редовно дарува крв од својата 18-та година, вклучен е како мотиватор и организатор на крводарителски акции во своето средно училиште, а продолжува да мотивира и поттикнува крводарителски акции во високообразовната средина каде што и студира. До сега има дарувано крв 15 пати.
Се надеваме дека преку неговиот позитивен пример, ќе допреме до повеќе млади и ќе ги поттикнеме да станат дел од големото семејство хуманисти-крводарители, бидејќи наредната година напорите ќе ни бидат насочени кон воспоставување на поголем систем на мотивација на младите во образовните средини и поголема ангажираност на врсничките едукатори кон промоција на крводарителството помеѓу своите врсници.
Ардит Ќаили за ова признание е предложен од Комисијата за награди и признанија на ЦК на град Скопје, по предлог на Црвен крст Чаир, каде што е долгогодишен волонтер.