Пребарувај по датум:
2019-03-21

Признание од „Сите сити“ за Црвен крст на град Скопје

Црвен крст на град Скопје, како поддржувач и член на мрежата„Сите сити“, доби признание за досегашната наша поддршка во активностите за спасување на храна и донирање на истата до социјално загрозените граѓани.

„Сите сити“, како систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните на кои им е потребна, функционира преку 14 граѓански организации како и петте Општински организации на Црвен крст на град Скопје кои опслужуваат најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно, со план од наредната година да се прошири и во другите градови. Ние, како Црвен крст на град Скопје во системот сме директно поврзани како донатори на храна со оглед на тоа дека целата количина што стига од компаниите стига во магацинските простории на Црвен крст, а сите останати организации ја подигнуваат потребната количина за којашто се пријавиле на Веб платформата на Сите сити.

Сите членки на мрежата „Сите сити“, помогнаа да се спаси 66,524 кг. храна или 221,746 порции од својот почеток во април 2018 година, па досега.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.