Пребарувај по датум:
2008-02-12

„Пријателство Без Граници“- го прослави својот 10-ти јубилеј повторно во Македонија

„Пријателство Без Граници“- го прослави својот 10-ти јубилеј повторно во Македонија

Се чувствуваме навистина горди што оваа година кога меѓународниот летен камп Пријателство Без Граници го слави својот десетти роденден ја имавме шансата повторно да бидеме домаќини на истиот и да го претставима нашето Национално Друштво во најдобро светло.

А кога ќе се земе во обзир и фактот дека Црвениот крст на Р. Македонија по петти пат беше домаќин на овој настан(по трет пат последователно), имаме причина да се чувствуваме навистина гордо.
Кампот се одржа од 15 до 22 овој месец во Центарот за Рекреација и Едукација на кадри во Струга, и на него присуствуваа 32 учесника од: Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Норвешка. Оваа година по прв пат на кампот присуствуваа и тројца гости-учесници од ПХВ колегиумот во Р. Србија, кои со своето присуство и искуство го збогатија кампот.
Самиот проект Пријателство Без Граници беше инициран пред десет години од страна на Норвешкиот Црвен крст, со цел да ги промовира хуманите вредности и да помогне во процесот на зближување и повторна изградба на мостови на комуникација базирани на толеранција и разбирање помеѓу различните етнички групи во Балканскиот регион.
Неговите главни цели и денес остануваат исти: зајакнување на мрежата на младите волонтери во Црвениот крст со промовирање на вредностите на Црвениот крст и младинските програми во регионот; промовирање на толеранција, разбирањето и почита кон различноста; изградба на цврста мрежа на пријателство преку границите и мотивирање на учесниците да бидат активни во Општинските Организации на Црвениот крст.
На овогодинешното свечено затворање на летниот камп, на 22 Август, секоја од групите учеснички на кампот имаше свој официјален претставник. На отварањето беа присутни претседателот на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Стручен соработник од Црна Гора, Стручен соработник за меѓународни односи од Србија, Делегати од Норвешки Црвен крст, Делегат од Црвениот крст од Косово, претседателот на Црвен крст Охрид, претседателот на Црвениот крст на Р.Македонија и секретарот на Црвениот крст на град Скопје, шефот на делегација на МФЦКЦП во Белград, претставици од делегацијата на МФЦКЦП од Косово, шефот на делегацијата на МКЦК во Скопје, како и делегати од младинскиот Црвен крст на Финска .
За време на траењето на кампот беше направена посета од две групи на новинари од Македонската Радио Телевизија, едната од утринската програма и другата од програмата за деца и младинци. Тие направија видео записи и интервјуа со дел од учесниците на кампот, претставниците на ресорс групата, како и со дел од официалните гости присутни на затворањето на кампот.
Како претставници на нашата земја и нашето Национално друштво присутни на кампот, беа избрани шест волонтери младинци од разни краеви на републиката. Нивната селекција се одвиваше преку овогодинешниот циклус на проектот ЦКА-ПХВ.
Од 1200 учесници кои што зедоа активно учество во овогодишниот ЦКА-ПХВ циклус 2006/2007, најдобрите 45 младинци беа избрани да присуствуваат на финалната работилница. Од овие 45 беа избрани 6 учесници кои се издвојуваа со својата покажана заинтересираност и активна вклученост во проектот, како и со своето одлично познавење на англискиот јазик, да присуствуваат на овогодинешниот меѓународен летен камп. Овогодишни цели на кампот беа подобро меѓусебно запознавање, културна размена; размена на искуствата од Црвениот крст; дисеминација на вредностите на Црвениот крст; зајакнување на способноста на секој учесник да придонесе во своето Национално Друштво ; и се разбира дружење и добра забава. Истите беа постигнати преку голем број на активности со интерактивен пристап кон различни теми поврзани со вредностите и движењето на Црвениот крст, вовед во меѓународното хуманитарно право, младински менаџмент и младински програми, како и вежби за културните различности и сличности. Покрај ова учесниците поблиску се запознаа и со културата од нашиот крај, музиката, фолклорните танци и традиционалната храна, како и со убавините на Охридскиот регион, преку прошетките и бројните презентации.
Како завршен дел на кампот учесниците, преку работата во “преку граничните групи”, си поставија за цел изработување на мали меѓународни проекти и сорабокти кои тие самите би ги покренале и реализирале со цел на што поголемо зацврснување на меѓународните и меѓукултурните релации кои во тркот на кампот се иницираа и изградија. Овие нивни ветувања од друга страна претставуваат и еден прекрасно продолжување на активностите и ефектот на самиот летен камп.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.