Презентација на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид наменета за Делегација од Државата Катар
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 26 Септември 2018 година, во период од 11:00 – 13:30 часот, беше посетен од страна на Делегација од Државата Катар – Д-р Калид Али Ал – Наеми – Ополномоштен Министер во Секретаријатот на Лигата на Арапските Држави, Претседавач на Арапската Федерација на слепи и Претседател на Арапското друштво за човекови права, кој поради заинтересираноста на работата на Центарот, изрази желба за посета на истиот. Посетата се состоеше од презентација на работата на Центарот, неговото функционирање и редовните активности во Центарот, состојбата на функционирањето на Државните инсистуции за лицата со оштетен вид, и сите предизвици со кои се соочуваат лицата со оштетен вид во секојдневниот живот и нивното функционирање. На гостинот исто така од страна на тимот му беше презентиран Советникот за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија преку кој подетално беа презентирани препораките за задоволување на потребите и советите за правилен пристап на лицата со оштетен вид.
Гостинот искажа голема благодарност до целиот тим на Центарот за приемот, госотпримството и презентацијата на работата и неговото функционирање, со што изрази желба за идна соработка и размена на искуствата помеѓу двете Држави на тема – помош и поддршка на лицата со оштетен вид.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.