Пребарувај по датум:
2022-12-22

Претпразнично дружење

Во насока на помош и поддршка на лицата од Украина кои престојуваат во нашата држава, Црвен крст на град Скопје имплементира низа активности со цел олеснување на нивното секојдневие преку хуманитарна асистенција. Во пресрет на новогодишните празници, тимот од Црвен крст, заедно со 30 деца и родители- лица од Украина, реализираа креативна работилница за изработка на новогодишни декорации. Преку креативна ангажираност, со меѓусебна дружба и време исполнето со многу забава, сите заеднички успеавме да изработиме прекрасни декорации- украси за нивниот нов дом, тука во РС Македонија. Децата беа посебно радосни на претпразничната дружба и можност за доживеат поинакво секојдневи дружејќи се со волонтерите и со своите врсници. Нескриена беше желбата да ги покажат своите изработки на своите блиски во Украина, со надеж дека наскоро повторно ќе бидат сите заедно.

Активностите се дел од поддршката која ја имаме од Швајцарски Црвен крст, во рамките на која лицата од Украина се асистирани во делот психо-социјална поддршка, помош со прехранбени и непрехранбени продукти, ваучери за зимска облека, поддршка за итни здравствени интервенции и активности во детско катче.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.