2025-12-17
Преко соработка во акција!
На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа 8. Меѓународна конференција за одржлив развој, на која свое излагање имаше и претставник на Црвениот крст на Град Скопје. Пред студентите и професорите беа презентирани можностите и значењето на волонтерството и улогата на волонтерите, преку кои се овозможува поврзување на теоријата и практиката, како и интеграција на формалното и неформалното образование.
Оваа активност е резултат на формирањето на нова платформа за соработка и развој помеѓу Црвениот крст и Универзитетот „Мајка Тереза“.
