Предновогодишно дружење
Во рамките на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” на 28 декември се организираше предновогодишно дружење со лицата кои ги користат услугите на центарот.
На сите корисници им беа поделени новогодишни пакетчиња од нашите пријатели од Комисија за хартии од вредност. Тие добија пакетчиња и од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, а во соработка со ООУ “Димитар Миладинов”-Скопје донирани беа и два статични велосипеди за корисниците, звучник за незаборавни забави и дружења, боенки, сликовници, боички и друг потребен едукативен материјал.
Насмевката на лицата на корисниците и нивната среќа е најголем двигател на целиот тим.
За време на настанот беа запазени сите протоколи за спречување на ширење на Ковид 19.