Предизвици во Миграциските политики и хуманитарната асистенција
На 24 ноември се оддржа НАЦИОНАЛНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА на тема:
,,Предизвици во Миграциските политики и хуманитарната асистенција во Северна Македонија“.
Домаќин на панелот беше Црвен крст на град Скопје-Црвен крст на РСМ.
Целта на истиот беше истакнување на влијанието на промените на политиките преку хуманитарна дипломатија и адвокативност. Црвениот крст со своите капацитет и искуство е лидер од хуманитарен аспект кога станува збор за мигарции. На панелот присуствуваа преставници од државните институции како МВР, МТСП, ЦУК, Град Скопје, Завод за социјални дејности, ЈУ Меѓуопштински Центар за Социјална Работа како и МЗМП. Во приликата се презентираше “Анализата на одговорот на Црвениот крст на РСМ на мигрантската криза во РСМ 2015-2022” изработена од страна на група автори од Црвен крст во која се резимирани позитивните и негативните искуства во изминатите неколку години, на Црвениот крст но и на државниот систем како и можностите и опции за нивно подобрување.