2018-06-07
Предавања со вработени од Шпаркасе Банка во дневен центар за стари лица
Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје поддржувач на прокетот веќе втора година е Шпаркасе Банка Македонија. За таа цел во дневниот центар за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз” со корисниците од дневните центри за стари лица во ООЦК Чаир и Општина Сарај на 22 мај се реализираше предавање од страна на вработените „Пензија на 1-ви”- Шпаркасе пакет за пензионери и „Користење на банкомати”. Продолжува долгогодишната соработка со Шпаркасе Банка и заедничи активности до крајот на годината.