Пребарувај по датум:
2022-03-01

Поврзани и активни за здраво срце

Во период од 21-28 февруари, Црвен крст на град Скопје во соработка со клиниката Жан Митрев  со низа активности ја одбележа неделата за борба против срцево – садови заболувања. Акцент беше ставен на ризикот кој го носат срцево садовите заболувања не само кај повозрасната популација туку и кај младите, но и здравите животни навики и навремени прегледи како превенција од истите.

Се реализираа бесплатни прегледи за корисниците на Црвениот крст и беше организиран јавен настан за мерење крвен притисок на граѓаните.  Волонтерите на Црвен крст на град Скопје ја посетија клиниката и имаа искуствена работилница со тимот психолози, работилница со кардиолог и физиотерапевт како и несекојдневна можност да го посетат дијагностичкиот центар. Волонтерите имаа многу прашања  за кои добиваа доста важни и корисни одговори но и совети како да го зачуваат своето здравје, да бидат активни и да работат на своето физичко и ментално здравје.

Благодарност до целиот тим професионалци од клиниката кој беше дел од сите овие актвности.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.