2024-11-11
Потпишување на Меморандум за соработка со Сојуз на здружение на пензионери на град Скопје
На 08.11.2024 г. во просториите на Црвен крст на град Скопје се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на град Скопје и Сојуз на здружение на пензионери на град Скопје. Потпишување на овој Меморандум е со цел продолжување на воспоставената соработка помеѓу здруженијата на пензионери на териоторија на град Скопје и СЗП на град Скопје, со промовирање на здраво и активно стареење за потребите на пензионерите преку организирани активности со цел подигање на јавната свест за грижа и поддршка на лицата во трето доба.