Постигнати резултати на социјалниот сервис „Центар за поддршка на лица со оштетен вид“ за изминатата 2018 година
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје обезбедува секојдневна поддршка на лицата со оштетен вид. Целта на активностите на Центарот за поддршка на лицата со оштетен вид е да го унапредат квалитетот на нивниот животи преку едукативни работилници, психолошки советувања, социјализација и инклузија, административна поддршка за реализација на нивните права, превенција од заболувања и дисеминација за подигање на јавната свест за потребите на лицата со оштетен вид. Во рамките на Центарот во 2018 година беа опфатени 248 корисници, а истите го посетија Центарот 2232 пати, беа реализирани 336 активности и преку обуки за правилно постапување кон лицата со оштетен вид беа опфатени 125 учесници.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализира во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.