Посета за размена на искуства-Нирнберг, Германија
Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу Црвениот Крст на град Скопје и Баварскиот Црвен Крст, во периодот од 13.07.2019 до 20.07.2019 две претставнички од Црвен крст на град Скопје имаа можност да се стекнат со нови искуства за услугата копче за помош при итен случај, наменета за лица над 60 години.
При посетата за размена на искуства, претставничките од Црвениот Крст на град Скопје имаа можност подетално да се запознаат со практиките на одговорната служба за копче за помош при итен случај во Нирнберг, Германија, да учествуваат во теренски посети во домашни услови, како и да обезбедат информации за техничките аспекти и потребните инструменти за работа. Посетата беше корисна поради споделувањето на предизвиците кои ги носи практичната работа во службата, потребните компетенции на одговоните лица, како и други поважни аспекти за работа со копче за помош при итен случај. Една од главните цели на посетата е развивање и имплементација на ваков сервис во Скопје.