2025-07-14
Посета што се памети – “Пролет” на ранч во с. Ранковце
Kорисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет” имаа можност да го посетат ранчот на Марија Дуда во с. Ранковце. Денот го поминаа во природа и имаа можност да се запознаат со различни животни
Контактот со животните кај сите предизвика искрена радост и среќа
По дружбата со животните, следеше одмор и забава покрај базен со музика, танц и многу насмевки. Ова беше прекрасен ден за нашите корисници.
Ваквите посети се овозможени со поддршка од Министерство за социјална политика, демографија и млади, со цел унапредување на иклузијата и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.