Пребарувај по датум:
2017-07-17

Посета од пријатели од Норвешка

Во рамки на програмата за збратимување со Телемарк Црвен крст од Норвешка која започна во 2016 година, се одржа тридневна работилница во х. Солферино Струга. 20 волонтери од Норвешка заедно со 15 волонтери од Црвен крст на град Скопје имаа можност да разменат добри практики и алатки за работа со волонтери. Цел на работилницата, покрај запознавањето, беше и зајакнување на капацитетеи на двете организации за работа со и за волонтерите. Гостите имаа можност да се запознаат и со културата на нашата земја преку традиционалните танци и народната носија, храната како и можноста да посетат неколку градови. Исто така, во Црвен крст Охрид за нив беше организирана и показна вежба, спасување на давеници во Охридското езеро.

Неколку младинци од Телемарк, во месец Мај беа во Македонија и присуствуаа на ПХВ работилница, додека пак наш тим беше на нивно годишно собрание кое се случуваше во месец март. Неколку волонтери од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје ќе заминат во месец август на летен капм за деца со посебни потреби.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.