2022-04-19
ПОСЕТА НА ЗООЛОШКА ГРАДИНА – СКОПЈЕ
Во рамките на програмата “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје функционираат три дневни центри за стари лица кои секојдневно се посетени од активни лица во трето доба. Лицата во трето доба можат да се вклучат во некои од активностите во дневните центри , но исто така се реализириаат и различни активности и прошетки на отворено. На ден 15.04.2022г. корисниците на овој сервис заедно со стручната служба ја посетија Зоолошката градина – Скопје како една од активностите на отворено, а со цел заедничка дружба и нивна социјализација.