2021-10-26
Посета на Зоолошка градина Скопје со корисниците од дневните центри
Во рамките на социјалниот сервис „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје со самото реотварање на дневните центри и планирање на месечните активности во програмата за месец октомври се реализираше прошетка низ Зоолошката градина Скопје
На 22 октомври околу 50 активни корисници од трите дневни центри за стари лица ја посетија Зоолошката градина Скопје воодушевени со насмевки на лицата дека повтроно се дружат и заеднички уживаат во октомвриските есенски зраци на сонцето.
Целта на оваа активност е подобрување на менталното здравје односно потребната за генерациско дружење и социјализација на лицата во трето доба во условни на пандемија од КОВИД – 19.