2025-07-14
Посета на ЗОО градина
Нашите пријатели – Зоолошка градина Скопје , придонесоа за едно поинакво и поубаво секојдневие на децата кои се вклучени во едукативните активности во Пунктот за бездомници на Црвен крст.
Покрај редовните едукативни содржини, тимот во Пунктот и во наредниот период ќе организира забавни и рекреативни содржини за децата. Преку нив ќе се поттикнува детскиот развој и ќе се работи на унапредување на личните вештини кај оваа ранлива категорија дечиња.
Активноста е во рамки на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални Работи, Здравство, Грижа и Заштита на Потрошувачите преку Австриски ЦК