2025-03-07
Посета на клиника за онкологија
Заедно со дел од тимот од х. Мериот и х. Лимак, претставници од Црвен крст на град Скопје традиционално ги посетија пациентките на клиниката за Онкологија. Во знак на внимание и поддршка им подарија мали подароци, им го честитаа 8 Март и им посакаа успешно и побрзо закрепнување.
Психолозите од центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвен крст на РСМ поделија информативни флаери за поддршка на онколошките пациенти.
Заедно можеме повеќе. Поддршка на онколошките пациентки.