Посета на Градски парк и присуство на Чиконг вежби
На ден 17.05.2022 корисници на услугата Помош и нега во домот во придружба на своите негуватели како дел од сервисот Нега Центар Карпош при Црвен крст на град Скопје, го посетија Градски Парк во Скопје.
Оваа активност и прошетка на отворено се реализираше во соработка со социјалниот сервис„ Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, чии корисници се активни лица во трето доба кои редовно практикуваат кинеска гимнастика – Чи Конг на отворено во Градскиот парк секој вторник и петок.
Целта на оваа средба беше заедничко дружење, меѓусебно запознавање и социјализација на корисниците од двата сервиси со посебен акцент на подобрување на навиките и грижата за сопственото физичко и ментално здравје.
Tранспортот за старите лица и нивната придружба со посебни наменски возила беше обезбеден во соработка со новиот сервис Итно Копче при Црвен крст на град Скопје.
Проектот Нега на стари лица во општина Карпош е поддржан од МТСП и Светска Банка.