2017-12-29
Посета на „Дневен центар за деца на улица” во Шуто Оризари
На ден 21.12.2017г. корисници од „Дневниот центар за стари лица” од ДХО Даре Џамбаз и ООЦК Чаир при Црвениот крст на град Скопје заедно со волонтери од ООЦК Центар го посетија „Дневниот центар за деца на улица” во Шуто Оризари. По повод одбележување на Недела на грижа за стари лица која беше одбележана во месец ноември, се реализираше работилница за плетење со корисниците од дневните центри и волонтерите на ООЦК Центар каде беа сплетени 16 шалчиња и капчиња за деца. По повод Новогодишните празници шалчињата и капчињата беа подарени на децата од дневниот центар деца на улица.Целта е да се поттикне волонтеризмот на лицата во трето доба заедно со волонтерите.