2024-05-27
Посета на делегации
Во периодот од 14 до 18 мај, Црвениот крст на град Скопје беше домаќин на неколку делегации: Баварски Црвен крст (Нирнберг), Швајцарски Црвен крст , Telealarm и Skyresponse. Фокусот на посетата беше спроведувањето на услугите помош и нега во домот, итно копче и посебниот превоз. Во изминатите години од сите нив добивавме голема поддршка во воспоставување и имплементација на овие услуги.
За време на посетата се реализираа неколку работни состаноци и средби со цел размена на искуства и планови за идни чекори во развој на овие услуги.
Освен тоа делегациите имаа можност да ги посетат и останатите сервиси и услуги кои ги нуди Црвениот крст на град Скопје.