Посета на Бугарија
На 21.09.2007 беше одржана ЦКА-ПХВ презентација пред колегите од Националното Друштво на Р.Бугарија во Софија. Презентацијата се одржаа на нивно барање заради заинтересираноста за нашата програма.
Во текот на презентација присутните имаа можност да се запознаат со програмата од повеќе перспективи.Од страна на учесник преку презентацијата на учесник, и од страна на спроведувач (целата слика за ЦКА-ПХВ ) преку презентацијата на ауторот на програмата. Беа презентирани националниот циклус на ЦКА-ПХВ кој се состои од 10 модули и интернационалнот циклус кој опфаќа 4 модули.
Интересни беа прашањата од страна на нашите домакини околу начинот на финансирање и организирање на проектот што ја покажува нивната сериозна заинтересираност за спроведување на проектот во нивното национално друштво.
Во текот на дводневната посета на Црвен Крст на Р.Бугарија имавме можност да се запознаеме и со претседателот на Националното Друштво, кој ја покажа заинтересираноста на нивното Н.Д за имплементирање на проектот, и потпишување на анекс за превземање на програмата.