Пребарувај по датум:
2022-07-01

Посета на ателје за рачна изработка ,,Хеклана’’

Во рамките на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје се организираше посета на студио специјализирано за рачно изработена плетена гардароба и аксесоари како и декоративни изработки во макраме техника ,,Heklana Crochets&Knits’’.

Лицата во трето доба имаа можност да ги разгледаат изработените модели, да прашаат и да ја видат техниката на изработка како би можеле да добијат идеја која би ја реализирале и споделиле на креативната работилница во дневните центри.

Овие работилници се од големо значење бидејќи освен што се одржува моториката , ваквите изработени парчиња во иднина ќе може да се најдат на нашите штандовите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.