2022-05-30
Посета на Археолошки музеј
Во рамките на социјалниот сервис “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, лицата во трето доба односно активните корисници од дневните центри за стари лица на ден 27 мај 2022г. заедно со стручната служба го посетија Архелошкиот музеј на РСМ. Корисниците имаа можност да видат голем број архелошки предмети откриени со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година. Целта на оваа активност беше да се едуцираат и социјализираат лицата во трето доба како и да се посети оваа најзначајна и најстара музејска установа, воедно како организација да споделиме внимание кон нашите корисници.