2011-11-23
Порака
На 16.11.2011 дел од волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје го посетија дневниот центар Порака.
Целта на оваа посета беше на креативен начин да го подигнат нивото на социјализација на овие лица.
Со здружени сили реализираа музичка работилница и преку игра и песна поминаа прекрасен и исполнет ден.
Соработката продолжува и понатака и веќе е договорена нова средба по повод 3 декември светскиот ден на лица со хендикеп.