Пребарувај по датум:
2018-03-07

ПОПОВА ШАПКА 2018

Во период од 2-4 Март на Попова Шапка се оддржа вежба за спасување на планина,запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците. 

Фокусот на вежбата е насочен кон интегрирање на човековите и материјалните ресурси на надлежните институции, увежбување на координација и комуникацијата, со цел навремено дејствување заради спасување на човечките животи и материјалните добра.

Учесници на вежбата се спасувачки тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, Црвениот Крст на Република Македонија, припадници на Федерацијата на планинарски спортови на РМ и други планинарски друштва.

Тимот за спасување на планина зеде учество со 4 лица кои зедоа учество на самата вежба а една екипа беше задолжена за презентација Прва помош за време на зимски услови.

Како претходница на оваа вежба ТСП во рамките на своите програмски активности на Водно оддржа тренинг со цел увежбување на процедурите за спасување и прифат на повредени палнинари.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.