Пребарувај по датум:
2018-02-06

Поплава во кичевскиот регион

Кичевскот регион вчера беше најмногу погоден од поројните дождови кои ја зафатија нашата земја. Заради предизвикани штети евакуирани се 73 лица во спортската сала во Кичево. Црвениот крст на град Скопје во соработка со Националното друштво и дадоа поддршка на Општинската организација на Црвен крст Кичево и во заедничка акција дистрибуирани се 50 пакети со храна, 50 пакети со хигиенски производи, 250 кебиња, 100 душеци, 320 храна во конзерва, облека, чизми како и хигиена за бебиња. Се следи состојбата на терен за понатамошна подршка на загрозените граѓани.


Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.