Пребарувај по датум:
2012-10-21

„Помислете и на нас! Одбележан меѓународниот ден на глад

Под мотото „Помислете и на нас! “Црвениот крст на град Скопје и Општинските организации на Црвениот крст почнувајќи од 16 Октомври – Меѓународниот Ден на гладта и оваа година организираат кампања која ќе се спроведува до 13 Ноември.

Преку активностите ќе го покренеме општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата како и начини за изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица.
Црвениот крст на град Скопје во соработка со ООЦК активностите ги започна на 16 Октомври пред платото на спомен куќата Мајка Тереза во соработка со дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови на ЦК на град Скопје.

Волонтерите на Црвениот крст и корисниците на центарот продаваа наменски изработени шољи за потребите на кампањата. Во шољите послужувавме кафе или чај, а се продаваа и изработените слатки и солени пецива подготвени по традиционални рецепти од вештите раце на членките на активот на жени пензионерки на К. Вода.
Во кампањата на Црвениот крст на град Скопје се вклучија и вработените лица во компанијата ОКТА, кои на 17.10 се откажаа од својот појадок и 450 лица овие средства ги донираа за кампањата по повод денот на глад.
Во кампањата на Црвениот крст на град Скопје ќе се вклучат и вработените лица во компаниите ОНЕ, Студио модерна, потоа учениците од Американската гимназија НОВА како и 10 скопски детски градинки во соработка со здружението на граѓани за родителство Мајка и дете.
За потребите на ранливото население ТЦ Рамстор ќе донира дополнителна количина прехрамбени пакети.
Поддршка во кампањата ќе имаме од ТЦ Веро и Тинекс маркети.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.