,, Помислете и на нас,, Кампања за одбележување на – ,, Денот на гладта,,
Црвениот крст на град Скопје традиционално се вклучува со активности и посебна програма по повод одбележувањето на 16 Октомври – Меѓународниот ден на гладта .
Со оваа активност, наменета за помош на најранливото население во земјата, во голема мерка успеваме да ја покренеме свеста кај пошироката јавност за проблемите со гладта, како и обезбедување на помош и поддршка за ранливото население во нашиот град и околината.
Активностите во кампањата по повод ,,Денот на гладта,, ќе се одвиваат во периодот од 16 Октомври до 13 Ноември 2011 година.
Целокупната кампања е во насока на подигнување на свеста за проблемите со гладта и сиромаштијата, помош и поддршка кон ранливи групи население.
Од собраните средства и прехрамбени продукти планирано е да се подготват и дистрибуираат пакети на социјално загрозени семејства и лица со посебни потреби во рурални средини.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против глад, ќе бидат реализирани неколку активности.
Веќе на 16 Октомври клубот на млади на наменски поставен Штанд во ТЦ Рамстор ја промовира активноста за продажба на шољи како начин на собирање на парични средства.
Вакви шнадови на кои ќе се дистрибуираат и вредносни бонови ќе има и во поголемите маркети низ градот (СП маркет, Веро, Тинекс) како и на отворени локации низ градот во периодот до 13 Ноември.
Штандови за донирање на донирање на храна и парични средства ќе бидат реализирани и во компанијата ОНЕ и Студио модерна.
Штанд за продажба на шољи и собирна акција за храна ќе биде поставен е и во Американското училиште НОВА.