ПОМАГАТЕЛИ НА РАНЛИВИ ЦЕЛНИ ГРУПИ НА КОРИСНИЦИ
Во рамките на Црвениот крст на град Скопје со поддршка на Градот Скопје започнуваме со имплементација на нов социјален сервис, сервис за поддршка на ранливи целни групи на корисници. Тим од 10 помагатели и 10 волонтери ќе опслужуваат 40 корисници со различни типови на попреченост. Во изминатиот период помагателите и волонтерите се стекнаа со знаење за правилно постапување кон лицата со попреченост преку обуки. Од страна на тимот моментално се реализираат теренски активности со цел детален увид и проценка на потребите на лицата со попреченост. Во следната фаза тимот ќе пристапи кон поврзување на корисниците со соодветните помагатели и волонтери. Проектот има за цел да придонесе кон поголема незвисност, самостојно живеење и унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост преку поддршката и помошта која што ќе ја добиваат од помагателите.