Пребарувај по датум:
2018-05-05

Показна вежба

Во соработка со РЦ Север и Граничната полиција при ПС за ГН Сопот, денес членовите на Мобилен тим Липково при Црвен крст на град Скопје кои работат на северната граница со Република Србија, остварија заедничка показна вежба со полицијата, каде што според сценариото, беше укажана прва помош на униформирано лице повреден од извесен мигрант при што беше санирана убодна рана од остар предмет.

Граничната полиција и Мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје распоредени на северната граница во рамки на овластувањата, досега имаат остварено неколку заеднички предавања и вежби, со цел јакнење на соработката, капацитетите и заедничката цел да се помогне на ранливата група мигранти во регионот каде што се уште се движат бегалци и мигранти.

 

{gallery}03.05.2018{/gallery}

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.