Подигнување на јавната свест
Во рамки на активностите на Мобилен тим Липково, освен хуманитарната асистениција на мигранти и бегалци во движење, во пресрет на одбележување на 17 март, Ден на формирање на Црвен крст на Република Македонија, членовите на тимот спроведоа повеќе активности со цел подигнување на јавната свест за значењето и промоцијата на крводарителството и укажување на прва помош, како и акција на пошумување на с. Ваксинце, заедно со локалното население од истоименото село.
Минатата недела, во Центарот за ран детски развој во ООУ “Рилиндја” , децата кои посетуваат настава имаа прилика да се запознаат со работата на Црвениот крст и да стекнат основни знаења за укажување прва помош и самозаштита, додека во Гимназијата “Наим Фрашери” , денес се одржа предавање за промоција на крводарителството во пресрет на акцијата за дарување крв во општина Липково, закажана за 8 мај, каде жителите на селата Лојане, Ваксинце и Оризаре ќе може да донираат крв во соработка со ОО на Црвен крст Куманово.