Подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори
На 27 јануари во Црвен крст на град Скопје се одржа подготвителна работилница за инструкторите во рамките на ЦКА-ПХВ програмата. Целта на работилницата беше усогласување на обуката која унифицирано треба да се спроведаат во секоја ООЦК која оваа година аплицирала за моделот, какао и мотивација на инструктори за учество во циклусот како и поставување на временска рамка за спроведување на обуката. Втората обука, која го опфаќа делот како се изработуваат малите проекти, која треба да се спроведе од инструкторите треба да биде реализирана во период од 01 до 15 февруари. Инструкторите ќе бидат поделени во мали тимови од по две лица. Од ова година ќе се спроведува и менторски систем преку кој дисеминаторите ќе имаат дирекна поддршка и супервизија од назначениот инструктор одговорена за таа Општинска организација. Ова година ќе бидат обучени околу 1.000 младинци на возраст од 13 до 17 години.