Пребарувај по датум:
2017-05-03

Подготвителна работилница во рамки на ПХВ програмата

Изработени 173 мали проекти

Од 28 до 30 април во Струга се одржа втората ПХВ подготвителна работилница. Целта на работилницата беше евалуирање на малите проекти кои беа изработувани од страна на младинците, а со поддршка на 40 дисеминатори, секретарите како и стручната служба на секоја ООЦК. Вкупно 26 инструктори од целата држава, поделени во тимови од двајца, ги прегледуваа проектите според однапред дадени критериуми и ги презентираа пленарно пред целиот тим. Оваа година се сработени 173 мали проекти од страна на 1.065 младинци кои ја поминаа обуката во месец февруари. Доделени се 25 сонциња-на проекти кои трајно направиле промени за одредена целна група и доделен е Пехар за општинската организација која има најмногу проекти со сонце. Оваа година пехарот ќе го делат три организации на Црвен крст Карпош, Куманово и Гостивар.

Во нареден период ќе се реализираат две финални работилници на кои 110 младинци заедно со дел од дисеминаторите ќе имаат можност да ги презентираат малите проекти, да работат на полето на промоција на културата како и подготовки за ПХВ неделата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.