Подготвителна работилница на ЦКА ПХВ тимот за новиот циклус 2012-2013 година
Се оддржа првата подготвителна работилница за ЦКА ПХВ програмата, новиот циклус 2012-2013 година. Истата беше организирана во Скопје од 6 до 7 октомври во Дневниот центар за стари лица.
Присуствуваа 25 инструктори од целата држава. Целта на истата беше подготовка на тимот за унифицирани обуки на терен во Општинките организации, кои треба да започнаат по завршување на обуките кои ќе бидат спроведени од дисеминаторите назначени за ПХВ програмата.
ПХВ обуките ќе се спровеадат во период 5 ноември до 10 декември низ сите Општински Организации.
Подготвени се материјалите, тимот е мотивиран и закажани се термините за обуките. Како и минатата година се планираат 44 обуки, 35 на македонски јазик и 9 на албански јазик а е вклучена и ромската заедница преку клубот на млади од Шуто Оризари.
Вкупен број на нови потенцијални волонтери кој ќе ја поминат обуката и кои ќе имаат ретка можност да прават проекти за добробит на нивната заедница е некаде околу 1200 младинци.