2026-05-20
Подготовки за прегледување на ПХВ малите проекти
На 19 мај се одржа онлајн работилница за ПХВ инструкторите. Целта на работилницата беше унифицирање на критериумите за прегледување на 195 мали ПХВ проекти изработени во 2026 година, кои им се познати на дисеминаторите и младинците, со цел обезбедување поголема транспарентност на целиот процес.
Инструкторите ќе работат во помали тимови, при што секој тим ќе има определен број проекти за прегледување според принципот на ротирање. Овој пристап овозможува неутрално и непристрасно оценување на секој проект од страна на две лица. Дополнително, секогаш е оставен простор за пленарно презентирање и усогласување на оценките.
