ПОДГОТОВКИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАНАЕТИ
Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на Tруд“ , а согласно со планот за акција реализирани се следниве активности: спроведени индивидуални планови за акција во домовите на корисниците, реалзирани се систематски и санитарни здравствени прегледи, работилници за личен раст и развој, обука за безбедност и здравје при работа и обезбедена е психо-социјална подршка за корисниците и нивните семејства.
Во текот на месец јули беа спроведени индивидуални планови за акција со корисниците со цел да издиференцираат нивните потреби, краткорочните и долгорочните цели, како и да се дефинираат очекувањата кои ги имаат за себе со нивната вклученост во проектните активности.
Следна фаза беше отпочнувањето на работилниците за личен раст и развој каде најголема улога има Гешталт психотерапевтот кој ги води истите. Корисниците се организирани во 4 групи. Целта на работилниците е зајакнување на нивните капацитети како личности, зголемена самодоверба и мотивациски вештини.
Поради утврдување на здраствената состојба на корисниците беа спроведени систематски здравствени прегледи за сите корисници и санитарни прегледи за одредени корисници согласно со видот на занаетот кој го избрале.
Беше одржана обука за безбедност и здравје при работа од страна на стручно лице во просториите на Занаетчиска Комора на град Скопје. На обуката корисницте беа запознаени со нивните права, но и мерките за заштита и безбедност при работа.
Овој проект се реализира во партнетсво со Занаетчиска комора на град Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).