2022-05-18
Поддршката од “Јахја Кемал”
Поддршката од страна на нашите соработници и пријатели наменета за најранливата категорија на граѓани во Скопје- бездомните лица, продолжува. Приватното училиштето “Јахја Кемал” од Скопје донираше 60 оброци за бездомниците, а во дистрибуцијата на оброците учествуваа и учениците.
Поддршката во храна за оваа категорија граѓани е секогаш добредојдена.
Продолжуваме заедно во интерес на лицата во ризик!