2022-03-08
Поддршка за жени херои
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, традиционално ги посетија пациентките од Клиниката за онкологија. Со нив оваа година беше и градоначалничката на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска. Со голема љубов, внимание но и желби за поскоро закрепнување на пациентките им поделивме пригодни подароци. Поддршка дадоа и претставници од Fashion group како и претставници од Limak Skopje Luxury Hotel.
Чекориме заедно!