Пребарувај по датум:
2020-12-28

ПОДДРШКА ЗА ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ЗЛОКУЌАНИ

ПОДДРШКА ЗА ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ЗЛОКУЌАНИ

На ден 28.12.2020г. тимот на прокетот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”  по повод престојните Новогодишни празници подарија 65 пакетчиња за штитениците од  ЈЗУ Специјализирана болница за геријатрија и палијативна медицина„ 13 Ноември” – Дом за стари лица „Мајка Тереза” во Злокуќани . Со следење на протоколите и мерките за спречување на пандемија од КОВИД-19, пакетчињата беа поделени во дворот на домот со надеж дека следната година ќе ги посетиме со корисниците од нашите дневни центри. Продолжуваме понатаму  и во 2021 година со заедничката соработа.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.