Поддршка за ранливо население
Во насока на помош на социјално ранливи категории граѓани поради КОВИД-19 (Коронавирус) , со поддршка од УСАИД и УНИЦЕФ, набавени беа средства за дезинфекција и заштита кои во текот на месеците април и мај 2020 година, преку Црвен крст на град Скопје и дел од Општинските организации на Црвен крст низ РСМ, се дистрибуираа. 2 350 пакети со хигиенски производи беа поделени на ранливи семејства од Шуто Оризари, населбата Тризла– Прилеп, за семејства од н. Бајро– Битола, од н. Керамидница– Гостивар и од с. Црник, Делчево. Поддршка во лоцирање на корисниците даде и Министерството за труд и социјална политика на РСМ, преку регионалните центри за социјална работа.
Во рамки на донацијата, доставени се и поголеми количини средства за дезинфекција, заштитни ракавици, маски, дезинфициенси за површини и до институции кои згрижуваат деца и млади, лица со посебни потреби и ранливи корисници- Завод Демир Капија , Завод за рехабилитација Бања Банско Струмица, Дом за деца без родители Битола, Завод за рехабилитација Топанско Поле, ЈУ 25 Мај , ЈУ 11 Октомври (мали групни домови)