Пребарувај по датум:
2022-01-21

Поддршка за бездомниците

Од денеска, и секоја наредна среда и петок, во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на град Скопје ќе бидат обезбедувани 160 топли оброци за бездомните лица на територија на град Скопје од страна на страна на Градот Скопје кој редовно ги поддржува активностите на Црвениот крст.

Заради студениот бран, Пунктот работи 24 часа и во просек од 7 до 10 лица на дневна основа престојуваат во истиот. За останатите корисници Црвен крст обезбеди приватни соби со цел намалено групирање како една од мерките за превенција од Ковид-19.

Број за дојава на која граѓаните може да се јавуваат доколу забележат бездомно лице е 02/3096-227.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.