2023-09-18
Поддршка во заедницата
Компанијата Сава Осигурување, како општествено одговорна компанија, уште еднаш покажа дека грижата за заедница е нејзин приоритет. По повод јубилејот, 30 години успешно функционирање, таа пренамени средства за поддршка на функционирањето на Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје.
Со Сава Осигурување имаме долгогодишна традиција на соработка која се реализираше преку крводарителски акции, собирни акции, преку поддршка на Социјалното претпријатие Копче како и поддршка на Пункот за бездомни лица.
Нека ваквиот пример биде поттик и за останатите компании да направат промени во заедницата каде делуваат.