2020-10-29
ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНСКИ ЦРВЕН КРСТ – ДИСТРИБУЦИЈА НА ПАКЕТИ ХРАНА И ХИГИЕНА
Во рамките на прокетот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје со поддршка на Германски Црвен крст во период од 21-28.10.2020г. се поделија 150 пакети храна и 150 пакети хигиена на социјално загрозени коринсици од социјалниот сервис. Опфатени беа 127 корисници кои се посетуваат во домашни услови во 9 општини во кои ги нудиме нашите услуги и тоа: Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Аеродором и Сарај, и 23 активни корисници во Дневните центри за стари лица (ДХО Даре Џамбаз, ООЦК-Чаир и Сарај).