Поддршка на Скопски маратон
Црвен крст на град Скопје успешно ја реализира својата поддршка на големиот спортски настан – Скопски маратон, кој се одржа на 05 октомври 2025 година.
На настанот се вклучивме со 40 волонтери, животоспасители, лекари и професионалци од Црвен крст, заедно со Тимот за одговор при катастрофи, организирани во 11 тимови, со 11 возила и поставен тријажен пункт за медицински интервенции.
Нашите тимови асистираа долж целата патека, обезбедувајќи сигурност и помош на сите учесници. Во текот на настанот се извршени 130 полесни медицински интервенции и асистенции, со што учесниците добија навремена поддршка без поголеми здравствени последици.
Честитки до организаторот и сите учесници и се радуваме што придонесовме за безбедно и успешно одржување на маратонот!