Пребарувај по датум:
2025-12-02

Поддршка на локална заедница

Заедно со локалната заедница од с. Лојане, општина Липково, за време на викендот волонтерите при Хуманитарно-сервисната точка засадија вкупно 350 садници црн бор на падините над пограничното село, по должината на северната граница на РСМ. Акцијата за пошумување претставува одговор на потребата од зазеленување на падините опустошени од пожарот кој го зафати северниот регион и предизвика огромна штета врз околните шуми.

Вкупно околу петнаесет млади лица, во соработка со Црвениот крст, помогнаа во засадувањето на боровите садници како мерка за намалување на ризиците од катастрофи, односно ерозија и свлечишта во тој регион.

Ова е втора акција за пошумување што Црвениот крст на град Скопје ја спроведува со локалната заедница од селото Лојане. Минатата година, на три различни локации, беа засадени 250 садници багрем.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.